Ја смирува и заштитува кожата

50 ml спреј

Производител: БОРОЛА ООД

София 1632, жк „Овча купел” 2, бл. 2А
+359 2 91 56 123

Што преставува ЏинЏира Алба спреј?

ЏинЏира Алба спреј претставува висококвалитетен козметички производ. Придонесува за смирување, хидратација и омекнување на кожата. Производот претставува емулзија во вид на спреј, произведен по иновативна патентирана технологија.

Што содржи ЏинЏира Албас преј?

ЏинЏира Алба спреј содржи цинк оксид, хидратанти и емолиенси.

Кога се употребува ЏинЏира Алба спреј?

ЏинЏира Алба спреј е погоден за употреба кај оштетена кожа, пред изложување на сонце, убод од инсекти.

Како делува ЏинЏира Алба спреј?

Активната супстанца- цинк оксид, создава заштитен филм, кој ја заштитува кожата од надворешни влијанија. Цинк оксидот претставува физички ултравиолетов филтер во козметиката за заштита од сонце кај деца и возрасни, цинк оксидот ги рефлектира ултравиолетовите зраци и на тој начин ја заштитува кожата кај деца и возрасни. Хидратантите и емолиентите присутни воспрејот, делуваат така што ја имитираат природната хидро-липидна бариера, тие ја навлажнуваат, омекнуваат и подобруваат еластичноста на кожата. Хидратантите и емолиенсите заедно со цинк оксидот се надополнуваат и го засилуваат ефектот.

Како се употребува ЏинЏира Алба спреј?

ЏинЏира Алба спреј е погоден за нанесување на секој дел од телото што има потреба-лице, раце, нозе и др. Пред употреба флаконот се портресува. Спрејот се прска рамномерно во танок слој и ако има потреба може и да се втрива. Може да се употребува неколкупати дневно.

Кои се предности на ЏинЏира Алба спреј?

Иновативна високотехнолошка козметичка форма- емулзија во вид на спреј, лесно се нанесува, не остава бели траги, не ја суши кожата, научно разработен производ со максимална чистота, висок квалитет и соодветен во однос на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и систем за анализа на опасност и контрола на критичните точки (НАССР); не содржи ароми, бои, конзерванси, погоден за долготрајна употреба.

Како да се чува ЏинЏира Алба спреј?

Во оригинално пакување при температура под 25 ˚С на места заштитени од светлина.