Прв избор за чувствителна кожа

30 ml спреј

Производител: БОРОЛА ООД

София 1632, жк „Овча купел” 2, бл. 2А
+359 2 91 56 123

Што претставува ЏинЏира Актив спреј?

Дермокозметичен производ за активна заштита на кожата од надразнувања. Погоден е за чувствителна кожа. Ја омекнува и хидрира кожата. Иновативна козметичка форма- емулзија во форма на спреј.

Што содржи ЏинЏира Актив спреј?

ЏинЏира Актив спреј содржи цинк оксид, екстракт од камилица, екстракт од невен, хидратанти и емолиенси.

Кога се употребува ЏинЏира Актив спреј?

ЏинЏира Актив спреј е погоден при надразнувања, чувствителна кожа, за омекнување и хидрирање на кожата.

Како делува ЏинЏира Актив спреј?

Покажува позитивен ефект кај чувствителна кожа, ја омекнува, хидрира, цинк оксидот создава заштитен филм, кој ја штити кожата од надворешни фактори, цинк оксидот е физички ултравиолетов филтер, ја штити кожата од ултравиолетови зраци, екстрактот од камилица ја омекнува и тонизира кожата, хидратантите и емолиенсите ја имитираат хидро-липината бариера на кожата, ја омекнуваат кожата, емолиенсите ја штитат кожата од губење на вода.

Како се употребува ЏинЏира Актив спреј?

Пред употреба флаконот се протресува. На кожата се прска рамномерно во тенок слој. Ако е непоходно може и да се втрива. Се прска 3 пати дневно. После 5-7 дена се продолжува со ЏинЏира Алба спреј или ЏинЏира Алба бебе спреј.

Кои се предности на ЏинЏира Актив спреј?

Иновативна високотехнолошка козметичка форма- емулзија во вид на спреј, лесно се нанесува, не остава бели траги, не ја суши кожата, научно разработен производ со максимална чистота, висок квалитет и соодветен во однос на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и систем за анализа на опасност и контрола на критичните точки (НАССР); не содржи ароми, бои, конзерванси, погоден за долготрајна употреба.

Како да се чува ЏинЏира Актив спреј?

Во оригинално пакување при температура под 25 ˚С на места заштитени од светлина.