За нежната бебешка кожа

30 ml спреј

Производител: БОРОЛА ООД

София 1632, жк „Овча купел” 2, бл. 2А
+359 2 91 56 123

Што претставува ЏинЏира Алба бебе спреј?

Иновативен дермокозметичен производ, погоден за деликатната бебешка кожа. Ја заштитува кожата од надразнувања. Погоден е за пеленска регија. Произведен во вид на високотехнолошка форма- емулзија во форма на спреј.

Што содржи ЏинЏира Алба бебе спреј?

ЏинЏира Алба бебе спреј содржи цинк оксид, хидратанти и емолиенси.

Кога се употребува ЏинЏира Алба бебе спреј?

ЏинЏира Алба бебе спреј е погоден за заштита на кожата од промени и оштетувања на бебешката кожа од уринирање, ултравиолетови зраци и од други надворешни фактори, сува кожа, убод од инсекти.

Како делува ЏинЏира Алба бебе спреј?

Ја смирува, навлажнува, омекнува и подобрува еластичноста на кожата, ја штити кожата од надразнувања, цинк оксидот ја заштитува кожата од надворешни фактори, претставува физички ултравиолетов филтер и со тоа ја штити кожата од ултравиолетови зраци, хидратантите и емолиенсите ја имитираат хидро-липидната кожна бариера, емолиенсите го спречуваат губењето на вода, омекнуваат и ја смируваат кожата.

Како да се употребува ЏинЏира Алба бебе спреј?

Пред употреба флаконот треба добро да се протреси. Се прска рамномерно во тенок слој, доколку е потребно може и да се втрива. Доколку се употребува за пеленска регија, потребно е да се нанесува при секое менување на пелените.

Кои се предности на ЏинЏира Алба бебе спреј?

Погоден е за нежната бебешка кожа. Иновативна високотехнолошка козметичка форма- емулзија во вид на спреј, лесно се нанесува, не остава бели траги, не ја суши кожата, научно разработен производ со максимална чистота, висок квалитет и соодветен во однос на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и систем за анализа на опасност и контрола на критичните точки (НАССР); не содржи ароми, бои, конзерванси, погоден за долготрајна употреба.

Како се чува ЏинЏира Алба бебе спреј?

Во оригинално пакување при температура под 25 ˚С на места заштитени од светлина.

Ја смирува и заштитува кожата

50 ml спреј

Производител: БОРОЛА ООД

София 1632, жк „Овча купел” 2, бл. 2А
+359 2 91 56 123

Што преставува ЏинЏира Алба спреј?

ЏинЏира Алба спреј претставува висококвалитетен козметички производ. Придонесува за смирување, хидратација и омекнување на кожата. Производот претставува емулзија во вид на спреј, произведен по иновативна патентирана технологија.

Што содржи ЏинЏира Албас преј?

ЏинЏира Алба спреј содржи цинк оксид, хидратанти и емолиенси.

Кога се употребува ЏинЏира Алба спреј?

ЏинЏира Алба спреј е погоден за употреба кај оштетена кожа, пред изложување на сонце, убод од инсекти.

Како делува ЏинЏира Алба спреј?

Активната супстанца- цинк оксид, создава заштитен филм, кој ја заштитува кожата од надворешни влијанија. Цинк оксидот претставува физички ултравиолетов филтер во козметиката за заштита од сонце кај деца и возрасни, цинк оксидот ги рефлектира ултравиолетовите зраци и на тој начин ја заштитува кожата кај деца и возрасни. Хидратантите и емолиентите присутни воспрејот, делуваат така што ја имитираат природната хидро-липидна бариера, тие ја навлажнуваат, омекнуваат и подобруваат еластичноста на кожата. Хидратантите и емолиенсите заедно со цинк оксидот се надополнуваат и го засилуваат ефектот.

Како се употребува ЏинЏира Алба спреј?

ЏинЏира Алба спреј е погоден за нанесување на секој дел од телото што има потреба-лице, раце, нозе и др. Пред употреба флаконот се портресува. Спрејот се прска рамномерно во танок слој и ако има потреба може и да се втрива. Може да се употребува неколкупати дневно.

Кои се предности на ЏинЏира Алба спреј?

Иновативна високотехнолошка козметичка форма- емулзија во вид на спреј, лесно се нанесува, не остава бели траги, не ја суши кожата, научно разработен производ со максимална чистота, висок квалитет и соодветен во однос на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и систем за анализа на опасност и контрола на критичните точки (НАССР); не содржи ароми, бои, конзерванси, погоден за долготрајна употреба.

Како да се чува ЏинЏира Алба спреј?

Во оригинално пакување при температура под 25 ˚С на места заштитени од светлина.