За цревната микрофлора и имунитет

30 растителни капсули x 605 mg

Производител: БОРОЛА ООД

София 1632, жк „Овча купел” 2, бл. 2А
+359 2 91 56 123

Што е Имунобор Биотик?

Тројна комбинација на голема количина на пробиотик, пребиотик и имуномодулатор. Придонесува за одржување и нормализирање на цревната и вагиналната микрофлора, како и за зајакнување на имунолошкиот систем. Позитивно делува на дијареа, дисбактериоза и алергиски реакции. Помага за зголемување на локалната имунолошка заштита на мукозните мембрани во цревниот и урогениталниот систем.

Што содржи Имунобор Биотик?

Имунобор Биотик содржи 250 mg бета глукан и 250 mg Lactobacillus bulgaricus.

Кога треба да се употребува Имунобор Биотик?

Имунобор Биотик е погоден за употреба во случај на нарушена рамнотежа на цревната и вагиналната микрофлора; одржување на нормалната цревна флора за време на употреба на антибиотици, атопични заболувања и алергии на храна.

Како функционира Имунобор Биотик?

Ја поддржува активноста на цревната и вагиналната микрофлора; поволно влијае на функцијата на гастроинтестиналниот тракт; ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем; има позитивен ефект врз локалната имунолошка заштита на мукозните мембрани во цревниот и урогениталниот систем; придонесува за подобрување на општата состојба на организмот.

Како се употребува Имунобор Биотик?

1 растителна капсула до 3 пати на ден, на празен стомак; за деца над 1 година – 1 растителна капсула до 3 пати на ден, на празен стомак.

Кои се предности на Имунобор Биотик?

Содржи голем број на лиофилизирани бактерии од пробиотикот Lactobacillus bulgaricus и висококвалитетен стандардизиран Бета-глукан; тројна комбинација напробиотик, пребиотик и имуномодулатор; иновативна фармацевтска форма – VGcaps (растителни капсули), погодни за вегани и вегетаријанци; научно развиен производ со максимална чистота, висок квалитет и безбедност во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и систем за анализа на опасност и контрола на критичните точки (HACCP); не содржи вештачки ароми и конзерванси; погоден за долготрајна употреба.

Како се чува Имунобор Биотик?

На суво, недостапно место за деца, на температура под 25˚С.

Дополнителни информации:

  • Не ја надминувајте препорачаната дневна доза
  • Да не се користи како замена за разновидна исхрана